Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози

пред 3 години

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ.

Поради минирање на патниот правец Пресека – село Врбјане денеска од 12 до 15 часот, сообраќајот ќе биде во прекин околу 30 минути.

Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Scroll to Top