Сопругот на починатите родилка и бебе од Шутка СЕ СОМНЕВА НА ЛЕКАРСКИ ПРОПУСТИ (ВИДЕО)

пред 4 години

Седат Јашар, сопругот на 40-годишната родилка која почина пред два дена заедно со своето бебе, денеска во разговор за Алсат го обвини медицинскиот персонал во приемното одделение дека кај нив лежи причината за смртта на неговата сопруга. Тој вели дека крварењето ѝ започнало кога се вратиле дома, по првиот преглед во Државната болница. Седат вели дека не му е јасно зошто неговата сопруга не била задржана во болницата иако имала болки Откако повторно се вратиле во болницата, после интервенцијата, лекарите го известиле Седат дека бебето е мртво. Лекарите, вели, му ја вратиле само здравствената книшка на сопруга, но не ѝ направените ЦТГ за време на бременоста. Поради тоа, тој се сомнева за можна небрежност на медицинскиот персонал. Извор: Алсат

Извор: vecer.mk

Scroll to Top