Спречен шверц на кафе од Албанија

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи известува дека вчера, во 18.20 часот, при преземање службени дејствија во близина на државната граница со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато забележале три лица, кои откако ги забележале полициските службеници се дале во бегство на територија на Албанија.

Како што соопштува МВР, по извршениот преглед на теренот биле пронајдени осум вреќи со необработено кафе со вкупна тежина од 480 килограми.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top