Средба меѓу претседателот Пендаровски и народниот правобранител Зибери

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими народниот правобранител Насер Зибери. На средбата, како што информираат од Кабинетот на претседателот, народниот правобранител го презентираше Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права за 2020 година.

Народниот правобранител информираше дека во текот на 2020 година состојбата со пандемијата на Ковид-19 се одрази и врз работата на институцијата што ја предводи, како во поглед на бројот на примените претставки, така и во однос на сите останати активности, на домашен и на меѓународен план.

Претседателот Пендаровски ги реафирмираше своите заложби за натамошно јакнење на улогата и независноста на народниот правобранител како орган кој ги промовира и штити уставните и законските права на граѓаните и кој ја следи состојбата на почитување на човековите права и укажува на потребата од нивна заштита.

Scroll to Top