Стоилковски: Се појавува нов „Рашковски“, овој пат во Градот Скопје воден од Шилегов

пред 3 години

Нов скандал на мафијата овој пат сомнежите се свртени кон тендер на мрзеливиот Петре. Очигледно на повидок е нов „Драги Рашковски“, ама овој пат во градот Скопје, раководен од Петре Шилегов. Секретар на градот Скопје е Викторија Аврамовска Мадиќ; партиски кадар на СДСМ, впрочем тоа е истата личност којашто Зоран Заев го прогласи за партиски победник како единствен кандидат на партиските избори обвини на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Чест добитник на јавните набавки и тендерите на град Скопје каде се вртат милионски суми во денари е компанијата Армор Плус. Тоа е оваа компанија за набавка на заштитна противпожарна опрема, како што пишува со седиште на Булевар „Трета Македонска Бригада“ број 48. Армор Плус е компанија е во сопственост на лицето Димитар Петрески. Димитар Петрески пак е сопруг на сестрата на Викторија Аврамовска Мадиќ, секретар на градот Скопје. Значи градот каде секретар е Мадиќ, распишува тендер или јавна набавка, а зетот Димитар Петрески, зетот на Викторија Мадиќ е добитник на тој бизниси“ – рече Стоилковски.

Тој вели дека секоја година компанијата Армор Плус добивала јавна набавки од градот.

„Градот Скопје воден од Петре Шилегов во околу 5 наврати исплатил 10 млиони денари на компанијата на зетот од сестра на секретарот на градот Скопје. Очигледно на повидок е нов случај а-ла „Драги Рашковски“ овој пат во градот Скопје, раководен Петре Шилегов“ – вели Стоилковски.

Scroll to Top