Стоилковски: Филипче додека рецитираш за Заев, короната коси во Македонија

пред 3 години

Венко Филипче, додека рецитираш поезија за Заев, третиот бран на коронавирус коси низ Македонија. 1.347 заразени и 17 починати за само еден ден, сите поради твојата неспособност да се организира системот и да се направат соодветни протоколи – рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски,

„Венко Филипче, има ли пилот во авионот наречен Министерство за здравство? За една недела умираат луѓе колку во една цела зграда. Ова се луѓе кои можеби немало ниту да се заразат, а уште помалку да починат, ако се донесеа вакцини и почнеше имунизацијата навреме. Македонија е црниот лидер во регионот и Европа по бројот на заразени и починати, црниот лидер по невакцинирани“ – рече Стоилковски.

Scroll to Top