Тело со траги од насилство пронајдено во стан во Скопје

пред 3 години

Во стан во Скопје на улица „Ташко Караџа“ пронајдено е починато лице со видливи траги на насилство. Полицијата информира дека се работи на 44-годишно лице од Скопје со иницијали С.А.

„На 12.03.2021 во 12,50 часот во СВР Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без видливи траги на насилство во стан на ул.„Ташко Караџа“. Се работи за С.А.(44) од Скопје“ – стои во информацијата од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Scroll to Top