Тетовската полиција заплени „Порше” последен пат регистрирано пред 15 месеци

пред 3 години

Тетовската полиција денес одзеде автомобил марка „Порше“ поради истечена регистрација повеќе од шест месеци, информираат од СВР Тетово. Возилото ќе биде задржано на 90 дена.

– Сопственик на возилото е 31-годишен жител на Џепчиште и тоа не било регистрирано 15 месеци. Возилото е одземено денеска околу 15 часот на автопатот Тетово-Скопје од страна на полицајците од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај кои вршеле контрола на делницата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

СВР Тетово бележи дека откако стапија на сила измените во законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во декември поради истечена регистрација во тетовскиот регион полицијата има одземено околу 30 возила.

Scroll to Top