Трипуновски: Дебарското езеро е доведено на раб на пресушување

пред 3 години

Дебарското езеро е езеро кое е доведена во најочајна состојба поради неспособноста на владата на Зоран Заев и раководството на АД ЕЛЕМ, обвини Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тoj истакна дека Дебарско езеро е буквално пресушено езеро, со пад на нивото на водата од цели 18.22 метри.

„Катастрофата е дотолку поголема, ако се знае фактот дека истото од раб на целосно пресушување е само 1.78 метри, толку е разликата од моменталниот водостој и минималната кота на Дебарското езеро. Состојбата во која е доведено езерото изискува поголем период на полнење и водата од истото во наредниот период е исклучително опасно да биде користена за производство на електрична енергија, секако доколку не се сака целосно пресушување на езерото“, нагласи Трипуновски.

Тој ја обвини власта дека не се грижи за ништо национално, а состојбата со Дебарското езеро е уште полоша доколку се посматра низ процес на сврзани садови со Преспанското, Охридското и езерото Глобочица, од кои сите се со намален водостој, и за да се наполни истото е потребно симултано полнење на сите три гореспомнати езера.

„Што мислеше Зоран Заев и СДСМ кога ги празнеше езерата за профит и кој ќе одговара за оваа еколошка катастрофа која ни се случува во моментов?! Зоран Заев е главниот виновник за ова што се случува, затоа се што фати исуши“, истакна Трипуновски.

Scroll to Top