Уапсени двајца чаирчани кои со пиштоли се заканувале на жител на Топанско Поле

пред 3 години

Доцна синоќа полицијата уапсила двајца жители на скопската населба Чаир, кои претходно со пиштоли му се заканувале на нивен сосед и на неговото семејство, соопшти МВР.

„На 04.05.2021 во 23.40 часот на ул.„Македонско–косовска бригада“, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Х.(34) и С.Н.(32), двајцата од Скопје, поради сомнение дека околу 18.30 часот, заедно со А.Ш. и уште едно лице, во дворот на Ш.М.(46) на ул.„Македонско–косовска бригада“, со огнено оружје упатиле закани кон него и неговото семејство“, се вели во полициското соопштение.

По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Scroll to Top