Уапсен скопјанец кој криумчарел мигранти од Авганистан и од Пакистан

пред 3 години

44-годишен скопјанец би приведен од службениците од од Полициска станица за Граничен надзор Михајлово, кај клучка Неготино, откао било откриено дека во возилот пренсува 10 мигранти од Авганистан и од Пакистан информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР велат дека при апсењето скопјанецот нападнал еден од полициските службеници.

-На 11.04.2021 околу 06.00 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Михајлово, кај клучка Неготино, бил лишен од слобода е Н.З.(44) од Скопје, кој управувал моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи превезувал 10 мигранти од Авганистан и Пакистан. Притоа, тој физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства. За случајот е известен Јавен обвинител, а Н.З. е приведен во Полициска станица Неготино и по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението од МВР.

Scroll to Top