Убиство во Бутел: пукано од возило во две лица, еден починат

пред 3 години

Пукање во скопски Бутел ги вознемирило жителите, а неофицијално станува збор за престрелка во која едно лице е убиено. Убиството се случи доцна вечерва, на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“. „А1он“ дознава дека е пукано од возило во друго возило марка „голф“ во кое се превезувале две лица, а од кои едниот е убиен.

Од МВР велат дека нивните екипи се во терен и немаат детали што се случило, а по проверките ќе дадат детални информации.

„Има пријави за слушнати истрели на подрачјето на Чаир. Штом бидат направени проверките, ќе известиме“.

Во меѓувреме, се пласираа неофицијални информации дека убиено е лице кое на полицијата и е познато по претходни престрелки. Неговото име се поврзува и со пукањето во хотелот Александар Палас, во декември 2019 година. Тогаш, беше соопштено дека сега убиениот, тогаш бил таргет.

Детали за вечерашната престрелка, се најавуваат откако ќе биде направен увид.

Scroll to Top