Угостителите бараат од Владата помош за плати, субвенции, кредити и укинување на рестрикциите

пред 3 години

Независната угостителска комора бара да биде вклучена во креирањето на новиот сет мерки од петтиот пакет кој го најави владата за финансиска помош и поддршка на индустриите кои се најмногу погодени од последиците на пандемијата од Ковид-19.

Од комората во соопштение информираат за сите барања на угостителите кои се нивни членови. Тие бараат помош за плати, директна финасиска помош, бескаматни кредити, израмнување на ДДВ на 10 проценти како и одлагање и репрограмирање на извршни постапки врз угостителите и угостителската индустрија односно трансформација на секое извршно решение во решенија за исплата на рати со грејс период или наплата по завршување на пандемијата Ковид-19.

Дополнително од Комората бараат и финасиска помош и поддршка за трошоци за закуп-користење на деловен простор – угостителски објект и тоа: целосно или парцијално ослободување на закупот на корисници кои се закупци на деловен простор во државна или локална сопственост за периодот Март 2020 – Март 2021 година, целосна или парцијална финансиска помош во висина на договор за закуп – платена закупнина но не повеќе од 15 евра/м2 во зависност од локацијата односно од 5-15 евра/м2 за периодот Март 2020 – Март 2021 година, ослободување и намалување на закупот на корисници кои се закупци на деловен простор во државна или локална сопственост (Школи, Градински, Општини и слично) за периодот додека траат посебните протоколи за работа односно не работеле институциите каде се наоѓа овој деловен простор.

Од НУК имаат и уште еден сет предлози:

целосна финансиска субвенција и помош или целосно ослободување на надоместот за поставување на урбана опрема – тераси за периодот Март 2020 – Март 2021 година како и целосно ослободување на плаќање на надомест на трошоци за поставување на урбана опрема до укинувањето на протоколите за работа на угостителски објекти и ослбодување на 50% на трошоците за надомест на поставување на урбана опрема за првата година по завршување на пандемијата Ковид-19.

Scroll to Top