Улични кучиња трчаат низ болницата во Кичево, каде лежат и болни од коронавирус

пред 3 години

Улични кучиња со часови трчале низ ходниците од Општата болница во Кичево, на приземјето каде што е приемниот оддел за пациенти. Наместо вработените кои се задолжени да го одржуваат редот во болницата, пациент бил приморан да ги избрка кучињата надвор. Од фотографиите се гледа како кучињата слободно се шетаат низ ходниците на болницата во Кичево.

„Не знам како влегле, јас ги затекнав внатре. Едвај ги избркав. Никој од вработените не преземаше мерки“, вели пациентот за „A1он“.

Во истата болница со месеци се примаат и хоспитализираат и пациенти заразени со коронавирусот. Заразените, меѓу кои има и тешки случаи, се третираат на вториот кат во болницата.

„А1он“ се обиде да добие став и од Општата болница во Кичево за тоа кој ги пропушта кучињата во ходниците, но никој не одговори на повикот.

Scroll to Top