Уметничко-протестен перформанс на иницијативата „Култура или фис-култура?“ на плоштадот во Струмица

пред 3 години

Иницијативата „Култура или фис-култура?“ денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица одржа уметничко-протестен перформанс против решението на Министерството за култура за назначување на Васил Бубев за директор на Центарот за култура „Антон Панов“.

Со пишување пораки на плакати и преку обраќање на дел од членовите на оваа иницијатива, побараа избраниот директор да си поднесе оставка.

-Во театарот сум близу 40 години, како актер, а во еден подолг период и како директор, и одлично знам дека во театрот една од најважните работи е точната поделба на улогите, а пред се улогата на директор, зашто од неговите организациски способности зависи успешното живеење на тетарот, рече актерот Ванчо Мелев.

Уметничко-протестниот перформанс заврши со поставување на испишаните плакати „Оставка сега“ и пораките од членовите на Иницијативата до директорот на влезот во Центарот за култура во Струмица.

Досега, иницијативата „Култура или фис-култура?“ протестираше во повеќе наврати пред ресорното Министерство во Скопје и денеска во Струмица против именувањето на Бубев за директор на Центарот за култура „Антон Панов“, за кого сметаат дека нема соодветно образование за оваа функција.

Scroll to Top