Утре повторно протест за пресудите во „Монструм“

пред 3 години

Утре поради протест, кој ќе започне во 13 и 30 часот од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата, ќе бидат затворени неколку улици.

Од 13.30 часот до завршување на протестот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Роднини на осудените во „Монструм“ одржаа протест и пред четири недели, на кои дојде до нереди. Приведени беа осум лица, а повредени беа седум полицајци.

Scroll to Top