Утре ќе биде презентирана платофрмата преку која ќе се одржува онлјан наставата

пред 4 години

Министерството за образование утре ќе ја презентира платформата, велат оттаму откако претходно, не дадоа целосни одговори на прашањата од „А1он“ поврзани со онлајн алатката. Тие дополнуваат дека пред платформата да биде почната со користење, таа ќе биде тестирана, а користењето ќе започне уште на првиот училиштен ден.

„Министерството за образование и наука утре ќе ја презентира националната платформа“, велат на кратко од МОН.

Министерството тврди дека се обучуваат 1600 наставници за работа со националната платформа, која пак, според најавите на министерката Мила Царовска ќе биде со двосмерна комуникација меѓу просветните работници и учениците.

„МОН во соработака со ФИНКИ и Бирото за развој на образование веќе ги одржува обуките на наставниците кои се прават во три фази. Прво беа обучени 30 мастер тренери од редовите на наставниот кадар од основните и средните училишта, а во тек се обуките на 1.600 училишни обучувачи кои исто така се наставници. Овие училишни обучувачи понатаму ќе треба да го пренесат знаењето за користење на платформата на своите колеги во училиштата, осносно на сите преостанати наставници во државата“, велат од Минситерството за образование за „А1он“.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top