Утрово магла, во текот на денот сонце и температура до 15 степени

пред 1 година

Утрово по одделни котлини има појава на магла или ниска облачност. П

Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени, јави УХМР.

Во Скопје претежно сончево и тивко, наутро со услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Денес и во понеделник претпладне времето ќе биде стабилно. По котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет. Во понеделник ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а од крајот на денот, потоа во текот на ноќта и во вторник ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во вторник ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер поради што од попладне врнежите во западните делови и на крајниот исток од дожд ќе преминуваат во снег и на повисоките места.

Scroll to Top