Уште 178 скопјани заразени со коронавирусот, бројот на активни случаи се удвои за девет дена

пред 4 години

И денеска здравствените власти регистрираат висока бројка на новозаразени во Скопје – 178, а бројот на активни случаи во главниот град безмалку се дуплира за само девет дена. Според податоците на Центарот за јавно здравје, во Скопје на 30 септември имаше 727 активни случаи на болеста, а во моментов тој број изнесува 1.432. Најмногу активни случаи на Ковид-19 се регистрирани во Центар – 265, а следуваат Аеродром со 257 и Карпош со 242. Еве како се распределени активните случаи на болеста по општините во главниот град и околината: • Чаир – 73 • Гази Баба – 147 • Аеродром – 257 • Карпош – 242 • Центар – 265 • Кисела Вода – 157 • Ѓорче Петров – 118 • Бутел – 56 • Шуто Оризари – 13 • Студеничани – 2 • Сарај – 16 • Арачиново – 4 • Илинден – 31 • Сопиште – 4 • Чучер Сандево – 2 • Петровец – 9 • Зелениково – 4 • Странец – 10 • Нераспределен-22 Текстот Уште 178 скопјани заразени со коронавирусот, бројот на активни случаи се удвои за девет дена е превземен од А1он .

Scroll to Top