Фајзер не дозволил Србија да ни ги продаде вакцините

пред 3 години

Фајзер не дозволил препродавање на вакцините кои Србија сакаше да ни ги отстапи, а потоа се појавиле пречки и тие да ни бидат донирани, објасни премиерот Зоран Заев.

„Ќе најдеме начин некогаш да се оддолжиме“, рече Заев.

Првичната понуда на Србија беше ковид-вакцините од компанијата Фајзер да ни ги отстапи како донација, на што Македонија се спротивставила и инсистирала тие да бидат откупени, но по појавата на пречка за нивно препродавање, ние сепак сме ги прифатиле вакцините како донација.

„Секако не, гледате дека и во земјите каде е тргната вакцинацијата има проблеми“, одговори Заев на прашањето – дали се чувствува одговорен за ова што се случува.

„Не се работи овде за тоа дали некој направил сè или не направил. Не сакаме да има конкуренција меѓу земјите“, дополни тој.

Scroll to Top