Филипче за две недели очекува ефекти од мерките и намалување на бројките

пред 3 години

Во наредните две недели се очекува воведените мерки да дадат ефект и бројките на новозаразени од Ковид-19 да стабилизираат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Очекуваме дека пред нас е период, во следните недела до две, во коијшто дефинитивно ќе ги видиме ефектите од рестриктивните мерки. Очекуваме бројот на новодијагностицирани пациенти во тој период да се стабилизира и за во тој период после тоа бројката да се намалува, изјави Филипче при посеата на гостиварската болница.

Scroll to Top