Филипче: Изненаден сум од Пендаровски, вакцинирањето во Србија не беше срам, туку солидарност

пред 3 години

Министерот за здравство Венко Филипче реагира на изјавата на претседателот Стево Пендаровски, кој денеска оцени дека масовното вакцинирање на македонските граѓани во Србија изминатиот викенд било срам за нашата држава.

„Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја,“ вели министерот Филипче во својот одговор кон Пендаровски.

„Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана,“ вели Филипче.

Scroll to Top