Хакатон за вселенски иновации на НАСА за студенти и средношколци

пред 4 години

Скопје викендов ќе биде дел од еден од најголемите хакатони во светот, NASA Space Apps Challenge, настан со над 25.000 учесници од 200 виртуелни локации на пет континенти.

Скопје, 3 октомври 2020 (МИА) – Скопје викендов ќе биде дел од еден од најголемите хакатони во светот, NASA Space Apps Challenge, настан со над 25.000 учесници од 200 виртуелни локации на пет континенти.

Хакатонот  за вселенски иновации на НАСА за студенти и средношколци кај нас се одржува по осми пат,  во организација на Њуменс Бизнис Акцелератор, но првпат  во форма на комплетно виртуелен настан заради безбедност на сите учесници. Настанот традиционално е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

Реализацијата ќе биде овозможена од глобална виртуелна форма преку која можат да се формираат тимовите, заеднички да се работи на решенијата, а учесниците ќе можат и директно да разговараат со локалните ментори, експертите од НАСА, и другите вселенски агенции како ESA, CNES, JAXA и CSA кои ги креираа овогодинешните предизвици.

Дополнително по 6-ти пат се организира и натпревар за најмладите NASA KIDS Space Challenge за сите на возраст од 4 до 14 години, со можност поискусните да се натпреваруваат на таканаречени “Младински предизвици” и да влезат во конкуренција со повозрасните за глобалната награда посета на NASA Kennedy Space центарот во Флорида, САД. лв/ац/

Scroll to Top