Хелсиншки комитет: МВР да истражи дали имало полициска бруталност случајот што го обелодени „Аваја“

пред 4 години

Хелсиншкиот комитет бара Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи случајот што вчера го обелоденила ромската организација „Аваја“ од каде наведуваат дека имало полициска бруталност извршена врз Роми, а ако тоа биде докажано инволвираните полициски службеници да бидат соодветно дисциплински казнети и доколку има основ, против нив да биде поведена кривична постапка.

-Ромската организација АВАЈА вчера сподели информации со јавноста за нов случај во Битола со индикации за полициска бруталност, но и со елементи на реваншизам од страна на полициските службеници. Според АВАЈА, овојпат полицијата употребила прекумерна сила врз повозрасна Ромка и нејзиниот син, велат од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму додаваат дека заедно со Македонското здружение на млади правници, преку заеднички проект ангажирале адвокат за овој случај.

Од МВР бараат и да ги преземе сите превентивни мерки за спречување на непрофесионалниот однос, расното профилирање, полициската бруталност и самоволието при постапувањето кон Ромите и другите категории сиромашни и маргинализирани граѓани, што очигледно е честа практика на полицијата.

Scroll to Top