Црна Гора, Словенија и Македонија со најголем број на активни случаи на Ковид-19

пред 3 години

Во регионот, најголем број активни пациенти со Ковид-19О на 100 илјади жители се регистрирани во Црна Гора, по што следат Словенија и Северна Македонија.Србија не објавува податоци за бројот на активно болни на 100 илјади жители.

Во Црна Гора има 1.450 активни случаи на 100.000 жители, 1.023 во Словенија и 868 во Северна Македонија. Во Босна и Херцеговина (БиХ) се регистрирани 847 активни случаи на 100 илјади жители, во Албанија 817, во Косово 412 и во Хрватска 145.

Во регионот, највисока 14-дневна инциденца на нови случаи на инфекција со коронавирус на 100 илјади жители е регистрирана во Словенија, потоа во Црна Гора и во Србија.Во Словенија се регистрирани 973 заразени на 100 илјади жители во последните 14 дена, во Црна Гора 875, во Србија 593, во Хрватска 421, во Северна Македонија 266, во Албанија 226, во БиХ 195, на Косово 164.

Денеска во регионот се регистрирани 8.607 нови случаи на коронавирус.Србија е на првото место во регионот по бројот на хоспитализирани од Ковид-19 на 100 илјади жители, на второто место е Хрватска, а на трето е Словенија. Во Србија се регистрирани 96 хоспитализирани на 100 илјади жители, во Хрватска 59, во Словенија 58, во Црна Гора 53, во Северна Македонија и на Косово по 43.

Во регионот, најголем број на пациенти на милион жители се регистрирани во Црна Гора, по што следат Словенија и Хрватска.

Scroll to Top