Четири нови случаи позитивни на коронавирус во Кавадарци

пред 4 години

Четири нови случаи позитивни на Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата. Ова за МИА го потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Кавадарци, 17 септември 2020 (МИА) – Четири нови случаи позитивни на Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата. Ова за МИА го потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. – Станува збор за четворица кавадарчани на возраст од 36 до 60 години. Три од новозаболените се лица од женски, а едно од машки пол. Сите имале симптоми, а само две лица изјавија дека биле во контакт со претходно позитивно лице на коронавирус. Четворицата се со лесна клиничка слика, на домашно лекување, појасни Јовановски. Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат. свд/сп/

Извор: mia.mk

Scroll to Top