Шахпаска: Продолжуваaт проектите за целосна инклузија на Ромската заедница

пред 3 години

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на деветата работна средба посветена на вклучувањето на Ромите и Ромите бегалци, насловена: „Технички дигитален состанок за спроведување на заклучоците за семинарот за Роми 2019 година“, во рамки на подкомитетот за Правда и Внатрешни работи.

„Стратегијата за Ромите во Република Северна Македонија и Националните Акциски Планови, како и Декадата за вклучување на Ромите се дел од јавните политики на нашата земја, со цел вклучување и интеграција на сите етнички заедници во општеството на еднакви основи. Ова прашање е особено важно на нашиот пат кон Европската Унија, а социјалната вклученост ја градиме според стандардите на земјите членки на Европската Унија“, истакна министерката во своето обраќање.

Како особено значајни проекто во оваа сфера Шахпаска ги посочи вклучувањето на децата Роми во предучилишното образование, поголема информираност на припадниците на ромската заедница преку Ромските Информативни Центри, вклучување на невработените Роми во активните мерки за вработување, имплементирање на Законот за лица неевидентирани во Матична Книга на Родени продолжуваат со несмален интензитет.

„Неопходен е системски пристап во подобрување на статусот на Ромите во сите земји, преку конкретни мерки и активности на национално ниво, преку следење на достигнувањата, размена на информации со другите земји со една и единствена цел да се овозможи подобар економски статус и социјално вклучување на ромската популација во општеството“, истакна министерката.

Таа увери дека министерството за труд и социјална политика во рамките на надлежностите и координативната улога што ја има и понатаму ќе продолжи со имплементирање на проектите кои се препознатливи во Ромската заедница и се во насока на нивна целосна инклузија.

Воведни обраќања покрај министерката Шахпаска имаа и Марта Гарсија Фидалго, координатор за политики за Роми и Орхан Усеин, лидер на тимот од Советот за регионална соработка, Интеграција на Ромите 2020 година, а учество земаа и претставници на граѓанскиот сектор.

Scroll to Top