Шведската амбасадорка со поддршка за борбата против криминалот и корупцијата

пред 4 години

Поддршката што Шведска ѝ ја дава на земјава во процесите на интеграција кон ЕУ, како и можностите за идна соработка во областа на безбедноста, биле во фокусот на средбата помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шведската мабасадорка Кристин Форсгрин Бенгтсон, информираат од МВР. Соговорниците ги потврдиле заедничките приоритети како што се борбата против организираниот криминал, владеењето на правото и борбата против корупцијата, со подготвеност за заедничка соработка на овие полиња во иднина. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top