Шекеринска: Ве чекаме за шест месеци здрави и живи дома, побогати со искуството од нашата прва мисија како НАТО членка

пред 4 години

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот фејсбук статус им посака успех на контингентот од 44 македонски војници кои денеска заминаа за Косово во главната команда на КФОР на првата мисија како НАТО – членка.

-Првиот македонски контингент од 44 припадници на Армијата денеска од касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, заминаа кон Косово, каде во следните шест месеци ќе работат како штабни офицери во главната команда на КФОР во Приштина и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР Запад. Ве чекаме за 6 месеци здрави и живи дома, побогати со искуството од нашата прва мисија како НАТО членка. Среќно!#МКвоНАТО #WeAreNATO, напиша Шекеринска на нејзиниот фб профил.

Scroll to Top