105 македонски медиумски работници се вакцинираа против Ковид-19 во Врање

пред 3 години

Сто и пет медиумски работници од Северна Македонија денеска беа вакцинирани со антиковид вакцината „АстраЗенека“ во Институтот за јавно здравје во српскиот град Врање.

Вакцините за македонски новинари беа обезбедени на барање на Македонското здружение на новинари (МАН) во соработка со партнерското Здружение на новинари на Србија, а со поддршка на канцеларијата на српскиот претседател.

За новинарите од Македонија кои аплицираа за вакцинација, беше организиран и превоз, а тие повторно ќе одат за Врање по неколку месеци.

Scroll to Top