127 смртни случаи регистрирани од 2-8 ноември, смртноста од Ковид – 19 зголемена за 41.1%

пред 4 години

Во периодот од 2 д 8 ноември смртноста кај пациентите заразени со Ковид – 19 е зголемена за 41,1 отсто во однос на претходната недела. Институтот за јавно здравје го објави неделниот преглед за состојбата со Ковид – 19 во земјава.

„Пријавени се 127 смртни случаи од 22 града,што е зголемување од 41,1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 94 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, четири случаи во возрасната група од 30-39 години и еден случај на возраст 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 120 или 94%.“, стои во извештаот од Институтот.

Во оваа пресметка не се влезени 30 починати кои беа регистрирани вчера.

Во извештајот од Институтот стои дека во однос на претходната недела, зголемени се и бројот на тестирања и бројот на новозаразени.
Тестирани се вкупно 19.719 материјали односно има зголемување од 13,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.280 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 25,5% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години со 1543 новозаболени, голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години 1452, од 40-49 има 1403 новозаболени, 50-59 регистрирани се 1401 новозаболен, и во групата 20-29 има 1090 нови случаи. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години со 120 нови случаи и во групата деца од 10-19 години регистрирани се 252 новозаболени.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.758 (51,6%) лица од машки и 3.522 (48,4%) од женски пол. Како оздравени се водат 3.114 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Scroll to Top