165 основни и само четири средни училишта добија согласност за настава со физичко присуство

пред 4 години

Владината комисија која ги оценува барањата на училиштата за организирање настава со физичко присуство во услови на пандемија одлучи согласност да добијат 169 училишта, информираат од Владата.

Од овие образовни установи, шест се државни училишта за деца со посебни образовни потреби, едно е приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, а 147 се подрачни основни училишта. 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и две приватни училишта не ги исполнуваат условите, одлучи Комисијата.

Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат четири училишта од кои: две државни училишта за деца со посебни образовни потреби, едно приватно средно училиште, како и само едно општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија), велат од Владата.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top