420 новозаразени во Скопје, пет општини со над 500 активни случаи

пред 4 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се забележани 420 случаи на инфекции со коронавирусот, што е досега најмногу за едно деноноќие. Бројот на активно заразени пациенти во главниот град се искачи на нов рекорд од 4.283, соопштија здравствените власти.

За првпат, дури пет скопски општини имаат по 500 активни случаи, а бројката и натаму е најголема во Аеродром – 759.
Во Карпош има 627 активни случаи, Кисела Вода и Центар имаат по 561, односно 557, а бројот на лица заразени во моментов расте во општината Гази Баба, која во моментов има 562 активни случаи.

Еве како тие се распределени по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 216
• Гази Баба – 562
• Аеродром – 759
• Карпош – 627
• Центар – 561
• Кисела Вода – 557
• Ѓорче Петров – 369
• Бутел – 205
• Шуто Оризари – 40
• Студеничани – 20
• Сарај – 32
• Арачиново -9
• Илинден – 85
• Сопиште – 37
• Чучер Сандево – 23
• Петровец –28
• Зелениково -14
• Странец – 33
• Нераспределен- 106

Scroll to Top