50 нови пациенти хоспитализирани во ковид центрите во Скопје

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 50 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град – информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализирани на ОРЛ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и еден на очната клиника.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти од кои еден пациент е веднаш ставен на респиратор. , На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден имало 18 приеми. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 37 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 109 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, од кои 9 деца и 22 возрасни.
Вкупно 478 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Scroll to Top