92 нови случаи на Ковид-19, починати се 3 лица

пред 4 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-17, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-3, Велес-2, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-5, Гевгелија-3, Струмица-2, Крива Паланка-1, Кочани-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-13, Свети Николе-4, Кичево-5, Неготино-1. Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (41г) и пациент од Дебар (63г) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35г) почината вон болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациент од: Скопје-24, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2, Делчево-3. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15090, бројката на оздравени пациенти е 12235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2238. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 6114, активни 754 • Куманово 1539, активни 262 • Дебар 260, активни 28 • Штип 1182, активни 106 • Прилеп 520, активни 152 • Тетово 1251, активни 124 • Струга 595, активни 65 • Велес 278, активни 26 • Битола 225, активни 42 • Охрид 360, активни 45 • Кавадарци 190, активни 51 • Гостивар 822, активни 136 • Гевгелија 61, активни 36 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци) • Струмица 82, активни 30 • Крива Паланка 60, активни 20 • Радовиш 45, активни 6 • Крушево 17, активни 1 • Кочани 160, активни 33 • Пробиштип 89, активни 17 • Демир Хисар 60, активни 2 • Македонски Брод 77, активни 10 • Пехчево 38, активни 31 • Берово 68, активни 46 • Валандово 9, активни 2 • Виница 81, активни 28 • Делчево 102, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 22, активни 6 • Свети Николе 302, активни 46 • Кичево 286, активни 47 • Ресен 147, активни 0 • Неготино 48, активни 9 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Направените 997 теста се преку: ИЈЗ-396, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-236, Биотек-137, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -110, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-6, ГАК-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 53, нема пациенти на механичка вентилација, соопштуваат од Министерството за здравство. Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на Ковид-19, 4 деца и 5 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примен е еден, а вкупно хоспитализирани се 21 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124, позитивни и сомнителни на Ковид-19, соопштува МЗ. Текстот 92 нови случаи на Ковид-19, починати се 3 лица е превземен од А1он .

Scroll to Top