Kај Рашковски била принудена да промени мислење и да каже дека има штета во „Топлик“ за да не падне предметот, вели Миланов

пред 3 години

Вработена во Министерството за транспорт и врски, Анета Јорданова, по налог на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, обвинителот Бурим Рустеми и раководител во Државното правобранителство, ре-изработила документ за побарување на евентуална направена штета во предметот „Топлик“, вели адвокатот Еленко Миланов кој го застапува ексминистерот Миле Јанакиески.

Тој тврди дека вработената Јорданова во 2018 година посочила дека нема штета поврзана со договорите за „Сончев град“, по што, според нејзиното сведочење, била повикана кај Рашковски, а каде бил и Рустеми, и било посочено да го коригира документот или таа ќе трпи последици. Иако постојат два документи, ниту во вториот нема стриктно наведено дека постои штета, посочува Миланов. Инаку, обвинителот Рустеми не би можел да подигне обвинение за предметот „Топлик“, ако не постои штета која е нанесена врз Министерството за транспорт и врски.

„Нејзиното сведочење беше во насока на постоење на две известувања кои се од Министерството за транспорт и врски во однос на произнесување на постоење или непостоење на штета во предметот. Така што, постои известување од 03.12.2018 година со кое се констатира дека нема штета за Министерството за транспорт и врски. Тоа е изготвено од лицето Анета Јорданова, доставено до Кабинетот, каде е контролирано од државниот советник и надлежено лице, кои констатираат дека тоа е во ред, го потпишува министерот и се пушта до Државното правобранителство за да биде доставено во постапката. Е сега, тоа што е дискутабилно и спорно, тоа што се доставува до Државното правобранителство, како документ, државен правобранител кој застапува го известува обвинителот Бурим Рустеми. Обвинителот потоа, не знам преку кого се, ја повикува Анета во кабинетот на господинот Рашковски, каде што и се закануваат дека ќе изгуби работа за такво мислење, како можела да го изработи и се прави ново мислење за кое и се дава налог што и како треба да пишува во него, без оглед што стои во документите. Таа изготвува друго такво мислење, кое се препраќа, проверува и на крајот повторно се потпишува од господинот Сугаревски“, вели адвокатот Миланов за „А1он“.

Тој немаше одговор каква е поврзаноста помеѓу некогашниот генерален секретар Рашковски и обвинителот Бурим Рустеми, како и зошто тие се состанувале за предметот „Топлик“.

„Не знам каква е поврзаноста, сведокот кажа дека била известена преку Кабинетот дека треба да се јави во Владата, кај генералниот секретар. Кога оди таму, во Влада, кај генералниот секретар, таму е и обвинителот Бурим Рустеми и државниот правобранител, односно, раководителот на Државното правобранителство. Таа рече дека обвинителот посочил дека ‘со вакво мислење мене ќе ми падне обвинението‘, а за да не падне обвинението, тоа се променето. Тоа е верзијата на сведокот. И да, постојат два документи. Во вториот вика ‘ако судот утврди штета, тогаш ние побаруваме штета’. И во вториот тие не тврдат дека постои штета. Тоа оди на усогласувања.. За на крај да кажат ова е верзијата, принтај ја и носи кај министерот на потпис“, рече Миланов.

Scroll to Top