Kостадинов: Пописот ќе биде безбеден

пред 3 години

Пописот како статистичка операција ќе биде безбеден, тврди портпаролот и пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов.

„Државата гарантира дека попишувачите максимално ќе ги почитуваат јасно утврдените здравствени протоколи, се со цел за да го заштитат здравјето свое но секако и на граѓаните“, изјави Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, фактот дека 20 години немаме спроведено попис како статистичка операција, упатува на тоа дека навистина таквата операција е неопходна и е во интерес и на граѓаните и на државата.

Scroll to Top