Oд компликации поради Ковид-19 почина актерот Иван Бекјарев

пред 3 години

Познатиот српски актер Иван Бекјарев (74) починал денеска во Белград, дознава „Блиц“.

Бекјарев минатиот месец се заразил со коронавирусот, а неговото здравје се влошило пред околу десетина дена, јавија српските медиуми.

Во последните неколку недели тој бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Белград. Актерот дознал дека бил позитивен на вирусот додека снимал, поради што веднаш го напуштил сетот.

Познатиот српски филмски и театарски актер има македонско потекло. Првата филмска улога ја остварил во 1967 година во филмот „Боксерите одат во рајот“.

Големата актерска популарсност ја стекнал со телевизиката серија „Бањица“ во 1984 година и преку ликот на Стевица Курчубиќ од телевизиската серија „Подобар живот“.

Остварил и низа театарски улоги во драмкси дела од најпознати светски автори.

Scroll to Top