Авганистанските сили убиja еден од лидерите на Ал Каеда

пред 4 години

Безбедносните сили на Авганистан го убија Абу Мухсен ал-Мисри, еден од високите водачи на Ал Каеда, кој беше на списокот на ФБИ на најбарани терористи, објави доцна во саботата авганистанската разузнавачка служба (НДС).

За Ал-Мисри, за кој се верува дека е втор во синџирот на команданти на Ал Каеда, и е убиен во специјална операција во провинцијата Газни во источен Авганистан, објави НДС на Твитер, додавајќи дека тој бил врховен водач на индискиот потконтинент.

Овој високо рангиран лидер на Ал Каеда е обвинет во САД за давање материјална поддршка на странска терористичка организација и заговор за убиство на американски граѓани.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, минатиот месец изјави дека помалку од 200 оперативци на исламистичката група Ал Каеда останале во Авганистан.

Овој месец се навршуваат 19 години откако Соединетите Држави го соборија режимот на Талибанците кој стоеше зад терористичкиот напад на Соединетите држави на 11 септември 2001 година.

Scroll to Top