Австрија на светскиот врв по број на новозаболени од Ковид-19

пред 3 години

Според бројот на новозаразени Австрија е на врвот во светот, според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Во неделен просек, Австрија сега ја надмина Франција и со тоа го достигна негативниот глобален врв – ранг-листа на земји со број на нови случаи на милион жители.

Додека во пролетта, на почетокот на пандемијата, државата беше „примерна“, Австрија ги достигна границите на капацитетот на здравствениот систем во последните денови.

Со просек неделно на милион жители, Австрија е на врвот со 831 новоинфицирани, што е 0,86 проценти од населението, следи Грузија со 781, а Швајцарија е трета со 743. Потоа следат Чешка (674), Словенија (668), Полска (648), Литванија (584), Хрватска (580).

Австрија исто така изгуби контрола над утврдување на контактите со болните.

Scroll to Top