Аеродромот во Истанбул забележа најмногу летови во Европа

пред 3 години

Според податоците на Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај, аеродромот Истанбул во периодот меѓу 28. ноември и 4. декември забележал најмногу летови во Европа.

На овој аеродром на 1. декември се извршени 423 летови, на 2. декември 498, следниот ден 483 и потоа 570 летови.

Истанбулскиот аеродром на тој начин имаше поголем промет од аеродромите во Амстердам, Франкфурт, Лондон и Париз.

Аеродромот Истанбул е отворен во октомври 2018 година и спаѓа меѓу најголемите во светот, а во август оваа година доби меѓународен сертификат за здравствена акредитација.

Scroll to Top