Албанија воведе полициски час за време на празниците

пред 3 години

Во Албанија, од вечерва, од 20 до 6 часот наутро, движењето нема да биде дозволено, а таа мерка ќе важи до 4 јануари.

Одлуката за полицискиот час ја донесе Одборот на експерти, а таа мерка не се однесува само на услугите за испорака, пренесува албанскиот портал „Егзит“.

Министерката за здравство Огерта Манастирлиу потврди дека мерката ќе престане да важи на 4 јануари во 22 часот.

Scroll to Top