„Алибаба“ планира да издаде обврзници од најмалку пет милијарди долари

пред 3 години

Кинеската компанија „Алибаба холдинг“ на Џек Ма планира да собере најмалку 5 милијарди долари овој месец со продажба на корпоративни обврзници деноминирани во долари, тврдат извори за Ројтерс. Во зависност од заинтересираноста на инвеститорите, износот на задолжување може да достигне дури осум милијарди долари, што овој кинески лидер во електронската трговија веројатно ќе ги искористи за покривање на општите трошоци на компанијата.

Собирањето средства ќе биде тест за расположението на инвеститорите кон „Алибаба“, во услови на зголемен надзор на регулаторот врз деловното работење на оваа компанија и нејзината финтек филијала, групацијата „Ант“. Кинеските регулатори започнаа антимонополска истрага против „Алибаба“ и ѝ наложија на „Ант груп“ да ги смени практиките за кредитирање и другите активности за финансирање на потрошувачите, откако основачот на „Алибаба“, Џек Ма, ги критикуваше финансиските регулативи на земјата во октомври минатата година. По ова, дел од медиумите објавија дека основачот на „Алибаба“, Џек Ма, исчезнал од јавноста во изминатите два месеци.

 

Scroll to Top