Алиев: Бајден направи историска грешка

пред 3 години

Азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, ја осуди изјавата на американскиот претседател Џо Бајден за признавање на масакрот врз Ерменците во Отоманската империја во 1915 година за геноцид.

Тој оцени дека станува збор за историска грешка.

Алиев во телефонски разговор со својот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган, рекол дека изјавата на Бајден е неприфатлива и дека тоа сериозно му штети на трендот на соработка во регионот, се наведува во соопштението од кабинетот на азербејџанскиот претседател.

Ердоган, додаде Алиев, му се заблагодарил за поддршката.

Scroll to Top