Американскиот суд дозволи депортација на стотици илјади имигранти

пред 4 години

Американскиот апелационен суд со 2 наспроти 1 глас донесе одлука дека администрацијата на Трамп може да депортира стотици илјади имигранти на кои претходно им бил одобрен привремен заштитен статус од хуманитарни причини. Пресудата на комисијата со 2 наспроти 1 глас на Американскиот апелационен суд го потврди укинувањето на мерките за заштита од депортација на имигрантите од Салвадор, Хаити, Никарагва и Судан. Администрацијата на Трамп ја укина нивната заштита, велејќи дека нивните земји сега се безбедни за нив. Одлуката се однесува на 300 000 лица без државјанство и 200 000 нивни деца кои се државјани на САД. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top