Ана Брнабиќ и Дарија Кисиќ утре ќе се вакцинираат со Фајзер

пред 4 години

Вакцинацијата со вакцината Фајзер ќе започне утре во Србија, а првите граѓани што ќе ја примат се лицата од домови за стари лица во Белград и Нови Сад, информира српски Телеграф. Вакцинацијата ќе започне во 11 часот.

Како што соопшти денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претставниците на власта ќе бидат меѓу првите во Србија што ќе ја примат вакцината на Фајзер.

Утре на институтот Торлак ќе се вакцинира и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, како и министерката д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

– Многу е важно што побрзо да започнеме со вакцинирање. И, некој од врвот на државата ќе ја прими вакцината, без разлика дали Ана Брнабиќ, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ или јас, ќе видиме – додаде Вучиќ.

Scroll to Top