Баку: Ерменија и Азербејџан почнаа размена на заробеници

пред 3 години

Баку, 14 декември 2020 (МИА) – Азербејџан и Ерменија започнаа со размена на затвореници, соопшти денеска азербејџанската државна комисија за воени затвореници и исчезнати лица.

„Како резултат на преговорите во присуство на меѓународни организации и под надзор на руските мировници, беше постигнат договор за размена на затвореници со Ерменија“, се вели во соопштението.

Во него уште се наведува дека започната е размена на сите лица од обете страни кои беа заробени за време на судирите.

Scroll to Top