Бајден вети дека ќе заземе поцврст став кон Русија

пред 3 години

Американскиот претседател, Џо Бајден, ја осуди Русија за затворањето на опозицискиот лидер, Алексеј Навални, и вети дека ќе заземе поцврст став кон Русија отколку неговиот претходник, Доналд Трамп.

Бајден рече дека неговата администрација побарала целосно петгодишно продолжување на новиот договор за вооружување СТАРТ со Русија за заштита на нуклеарната стабилност, но рече дека нема да се двоуми да се спротивстави на Русија на нејзините агресивни тактики.

Тој го критикуваше поранешниот претседател Трамп дека не се противел на рускиот претседател, Владимир Путин.

Бајден посочи дека САД ќе бидат поефикасни во справувањето со Русија во координација со сојузниците.

Тој директно ја обвини Москва за третманот на Навални и го нарече апсењето политички мотивирано.

„Тој треба да биде ослободен веднаш и безусловно“, нагласи Бајден.

Scroll to Top