Бајден: На пат сме да победиме на изборите

пред 4 години

Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден, изјави дека е на пат да постигне изборна победа.

„Тука сум да ви кажам дека веруваме оти сме на добар пат да победиме на изборите“, рече тој во обраќањето пред приврзаниците.

Шефот на неговиот предизборен штаб изрази уверување дека тие се на јасен пат до победата и дека Бајден ќе биде новиот претседател на Соединетите Американски Држави. Бајден истакна дека знае оти за победата ќе треба време, кое е неопходно за да се избројат сите гласови добиени по пошта. Тој додаде дека трпеливоста е неопходна додека не заврши напорната работа за броење гласови. Според него, изборите нема да бидат завршени сè додека не се избројат сите гласови.

Scroll to Top