Бајден планира да го задржи Кристофер Реј како директор на ФБИ

пред 3 години

Aмериканскиот претседател Џо Бајден планира да го задржи Кристофер Реј на позицијата директор на ФБИ, јави денеска Си-Ен-Би-Си повикувајќи се на извори во Белата куќа.

Реј беше назначен за десетгодишен мандат од страна на поранешниот претседател Доналд Трамп во 2017 година.

Портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки на вчерашната прва прес-конференција, на прашањето дали Бајден има доверба во Реј, таа одговори дека не разговарала за тоа прашање со новиот претседател.

Scroll to Top